| четврток, 6 декември 2018 |

„Топло“ уште утре

elka vo skopjeВторник ќе биде последниот од серијата напросечно топли декемвриски денови. Ќе започне слично на претходните денови, наутро со слаба магла низ котлините долж повардарието се до Демир Капија, а сончево низ останатите места, особено повисоките. Околу пладне ќе биде ведро низ целата земја. Попладне се очекува постепено наоблачување. Навечер не се очекува формирање на магла.Утрото ќе биде умерено студено, со минимална температура низ котлините во границите од -1 до -5 целзиусови степени.

Топло ќе биде преку ден, низ кoтлините со максимална температура околу 11 целзиусови степени, на повисоките места околу 13, додека во гевгелиско-дојранскиот крај температурата ќе достигне околу 16 степени.

Скопје очекува слаба магла рано наутро, а претпладне се очекува разведрување. Околу пладне ќе биде  ведро, а попладне се очекува постепено наоблачување. Минималната температура ќе има вредност околу -4, додека максималната околу 10 целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top