Хрватска оваа година повлекла за 162 милиони евра повеќе од буџетот на ЕУ, отколку што уплатила во него, соопшти Министерството за регионален развој и европски фондови.
Според првичните податоци од Министерството за финансии во 2015 година Хрватска уплатила 394 милиони евра во буџетот на ЕУ, а од него повлекла 556 милиони евра.
Точните податоци ќе бидат познати кон средината на следната година, кога Европската комисија ќе го објави финансискиот извештај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.