| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска годинава од ЕУ повлекла 162 милиони евра повеќе

kuniХрватска оваа година повлекла за 162 милиони евра повеќе од буџетот на ЕУ, отколку што уплатила во него, соопшти Министерството за регионален развој и европски фондови.

Според првичните податоци од Министерството за финансии во 2015 година Хрватска уплатила 394 милиони евра во буџетот на ЕУ, а од него повлекла 556 милиони евра.

Точните податоци ќе бидат познати кон средината на следната година, кога Европската комисија ќе го објави финансискиот извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top