На сцената на Македонскиот народен театар на 29, 30 декември и 4 јануари премиерно ќе биде одигран мјузиклот „Чикаго“ во режија на Наташа Поплавска.
Мјузиклот е дело на познатите творци на овој жанр: Боб Фоси, Фред Еб и Џон Кандер, кои на широката публика ѝ станаа познати преку антологиските филмски мјузикли „Кабаре“ и „Целиот тој џез“.
Мјузиклот „Чикаго“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.
„Чикаго“ денес предизвикува внимание ширум целиот свет, исто толку како и пред неколку децении кога е за првпат поставен на Бродвејската сцена и враќање на мјузиклот како жанр на светската сцена, откако истиот се пренесе на филмското платно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“