| четврток, 6 декември 2018 |

Фронтекс ја почнува мисијата во Грција

FrontexАгенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) од денеска ја започнува својата мисија за спречување на приливот на имигранти во Европа, во чии рамки ќе го засили своето присуство во Грција.

Во рамки на мисијата, наречена „Посејдон Рапид Интервеншн“, во Грција ќе бидат распоредени 376 офицери на Фронтекс и преведувачи.

Меѓу припадниците на Фронтекс ќе има експерти за сослушување, претреси, земање отпечатоци од прсти и за проверка на документи од повеќе земји-членки на ЕУ.

Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), оваа година во Европа пристигнаа околу еден милиони бегалци и имигранти, од кои речиси сите преку Грција или Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top