Фалсификуваните турски пасоши кои, меѓу другото, биле откриени во фабриката за афери, најверојатно, биле користени и за вадење визи за аџилак во Мека, кои потоа биле продавани.
ДНЕВНИК“ дознава дека ова сега интензивно се проверува во Исламската верска заедница со цел да се утврди кои се лица со турски патни исправи изминатиов период добиле виза за аџилак. Односно, ќе се утврдува дали тие лица воопшто постоеле или лажните пасоши биле само начин да се добие виза за влез во Саудиска Арабија, а која потоа била продавана на други лица по цена од неколку стотици евра.
-Од ова верска заедница се најавува дека јавноста брзо ќе биде запознаена со резултатите на истрагата. Полициската истрага досега утврди дека во компјутерот на Захир Бекири – Чауш, кој е осомничен во случајот, во најголем дел биле подготвувани фалсификати на турски патни исправи. Тоа е чудно со оглед на тоа што се знае дека за турските пасоши нема некоја голема побарувачка на црниот пазар. Но, работите се сосема поинакви кога е во прашање можноста тие да се искористат за добивање визи за аџилак. Kлопчето за злоупотребувањето на визите за аџилак почна да се расплеткува кога пред две години американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај за верските слободи во нашата земја ја критикуваше ИВЗ поради тоа што имало појава бесплатните визи за аџилак во Мека да се продаваат и по 400 евра на верниците што сакаат да одат на ова поклоничко патување, пишува весникот.
Информациите за тоа се базираа на изјавите на повеќе верници, кои на тој начин, преку одредени посредници и туристички агенции, плаќале толкави суми за да дојдат до визи.
„Дневник“ пишуваше дека македонската ИВЗ секоја година од Саудиската Арабија добива повеќе бесплатни визи отколку што реално има потреба. Така, на пример, за муслиманите во земјава се определува квота од 1.400 до 2.200 бесплатни визи, иако, според критериумите за други земји (илјада визи на милион муслимани), на нашата земја би требало да ~ се доделат само 800 визи. Вишокот на визите, очигледно, се употребувал по разни канали. Од ИВЗ тогаш категорично демантираа дека имало какви и да е злоупотреби при издавањето визи за аџилак.
Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.