| четврток, 6 декември 2018 |

Закана од нови терористички напади во Турција

Групацијата „Јастреби за Курдистан“ се закани дека ќе изврши нови терористички напади во Турција.

turcija-teroristicki-napad

 

Групацијата ја презеде одговорноста за експлозијата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул на 23 декември, во која загина една жена, пишува МИА.

Курдската терористичка организација „Јастреби за ослободување на Курдистан“ претходно беше поврзана со Курдската работничка партија.

Борците од групацијата, сепак, тврдат дека во моментот врската со ПКК е прекината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top