Филмот „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ продолжува да ги соборува рекордите на заработка во првите денови на прикажување во САД но и во остатокот на светот.
По соборување на божикниот рекорд од 48,3 милиони долари, со што „Шерлок Холмс“ беше соборен од листата со своите 24,6 милиони долари кои ги освои во 2009 година, „Војна на ѕвездите“ влезе во филмовите кои најбрзо заработиле милијарда долари.
Станува збор за заработка на глобално ниво, изземајќи ја Кина, во која филмот ќе почне да се пркажува дури од 9 јануари.
Филмот, чија премиера се случила на 17 декември, викендов заработи 153 милиони долари, со што е соборен рекордот на годинашниот филм „Светот на Јура“. „Војна на ѕвездите“ го собори од првото место на бокс-офисот „Светот на Јура“ заработувајќи неверојатни 400 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура