Таа успеа со една реченица да не потсети сите на една работа која често ја забораваме.
Писателката Исидора Бијелица со години води борба со карцином. Таа и покрај се успеа да го задржи оптимистичниот дух, а сега им се обрати на сите нејзини следбеници на социјалната мрежа Фејсбук, кои сега бројат повеќе 220 илјади.
Исидора така потсети многумина на една важна работа во животот која често пати сите ние ја забораваме.
-Во оваа година сетете се дека насмевката е бесплатна, легална и дека е најголемото богатство – порачала една од најчитаните писателки во регионот и додала: Среќна Нова година, вашата Иси.
До овие зборови Исидора споделила и фотографија на која ја гледаме со насмевка на лицето иако веќе подолг период поминува тежок период во животот. Обожавателите под фотографијата и оставија стотина пораки на поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.