На интернационалниот фестивал на хорска музика кој се одржува во Солун, Грција, вечерва ќе настапи гевгелискиот градски хор „Гортинија“, кој ќе се претстави со композицијата „Македонско оро“ од Тодор Скаловски.
Во инструменталната придружба на нашите хористи ќе бидат гитаристите Антонио Какров и Горан Стојанов, тапанарот Момчило Делев и нашиот светски познат пијанист Глигор Гелебешев.
Присуството на фестивалот во Солун го најавија македонскиот конзул во Грција,Томислав Димитровски и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.