Патнички воз и локомотива од воз вчера за многу кусо време, едно по друго, било каменувани на железничката станица Скопје – Север.
Првиот инцидент се случил во 16, 45 часот кога група од пемина непознати лица каменувале локомотива од воз бр.68-601, кој сообраќал на релација фабрика Јегуновце – Трубарево.
При каменувањето е скршено прозорско стакло од локомотивата, а машиновозачот бил удрен во десната рака и имал парчиња од стакло по телото, но без расекотини.
Второто каменување се случило подоцна, кога истите лица го каменувале меѓународниот воз бр.892, кој сообраќал на релација Скопје – Приштина, при што скршено е прозорско стакло од патнички вагон, додека повредени патници нема.
И во двата случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.