Вчера младо момче било нападнато од група насилници додека чекало автобус во Скопје.
Инцидентот се случил вчера во 14 часот и 50 минути на булеварот „Крсте Мисирков“ , на автобуската постојка кај универзитетот Св.Кирил и Методиј, на Бит-пазар.
Две непознати лица извршиле физички напад над 20-годишниот А.Б. од Скопје, удирајќи го со тупаници, клоци и тврд предмет во пределот на главата. Момчето има расекотина на тилот и гребнатинка на раката.
Причината за нападот е сеуште непозната, а полицијата трага по насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.