Жељко Јоксимовиќ вчера вечер одржа концерт во белградскиот Сава центар.
Спектаклот доцнел половина час бидејќи се чекало публиката да влезе во салата. Помеѓу последните пристигнала ќерката на пејачот Мина во друштво на непознато момче, а токму тогаш дојде до непријатност.
-Откако доживеа непријатност и за малку беше избегнат скандал од страна на организаторите кои наместо во прв и викале на Мина да седне во трет ред и да не прави гужва интервенирала нејзината маќеа Јована. Сопругата на Жељко по неколку минути убедување со организаторите во салата сепак успеала да им обезбеди место на Мина и нејзиниот придружник во прв ред веднаш до бината – пренесуваат медиумите.
Мина им се пофалила на новинарите дека со момчето кое е со неа има интимна врска но не сакала да го открие неговото име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.