Популарниот пејач и кантавтор Владо Георгиев се најде во небрано откако на Твитер на шега ги „боцна“ регионалните старлети кои сакаат да станат пејачки.
-Кога настапува некоја од старлетите и каде? Да појадам да погледнам и едноставно да бидам во тек со реалноста- напишал Георгиев на Твитер.
Старлетата од Нови Сад, Наташа Шавија која медиумите ја нарекуваат „пејачка во обид“ се најде навредена од овој „твит“ на Георгиев по што во нејзин стил му одговорила на Фејсбук.
-Слушам Владо Георгиев сакал да слушне како пеам. Со задоволство ќе му запеам и тоа на уво, сигурна сум дека подобро пеам од него, тој од пивото не може еден тон да погоди. Штета човекот која го обожував во седмо одделение сега ме плука (индиректно секако). Се сеќавам дека добив и автограм од него по што со денови бев возбудена, имав негови постери во мојата соба, ги слушав неговите песни по сто пати на ден, бев вљубена во него, мечтаев да го запознам…а денес ова да го доживеам. Стоп за алкохолот – напишала Шавија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.