Едно лице загина, а тројца се повредени во синоќешната престрелка во трговски центар во градот Шарлот во сојузната американска држава Северна Каролина.
Полицијата го застрела напаѓачот што отвори оган во „Нортлејк мол“, пишува МИА.
Во инцидентот повредени се три лица, од кои едно во нога, а другите двајца се полесно повредени.
Според очевидците инцидентот се случил по расправија во една од продавниците, при што биле испукани повеќе куршуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.