Производителот Мајерс Сквиб (Mayer Squibb) од Франција (France) на својата официјална веб страница објави зошто превентивно го повлекува сирупот efferalgan од пазарот
Производителот на Efferalgan објави дека се сомнева дека честички од полиуретан (вид на пластика), биле пренесени на пакувањата со сируп.
Полиуретан е еден вид на пластика која кога ќе се внесе кај доенчињата и малите деца, може да предизвика механичка иритација. Појавата на овие честички не влијае врз организмот – велат експерти.
Според информацијата на производителот се повлекуваат сериите P1447, P2581, P4737, P6077, P8419, P9468, R1794, R1767, R2228, R2686, R3180. Од продажба се препорачува да се повлечат сите сирупи од наведените серии кои имаат рок на траење од октомври 2018 година.
Од денеска сирупот покрај во Србија и Македонија е повлечен од продажба и во Црна Гора и Босна и Херцеговина.
На веб страницата на производителот се вели дека неможат со сигурност да потврдат дека честичките не го контаминирале производот, кој се користи за да се намали болката и да се намали температурата, па поради тоа превентивно го повлекуваат од пазарот.
Информациите, што ги достави производителот, не говорат за несакани реакции во врска со отсуството на стандардите за квалитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.