| четврток, 6 декември 2018 |

Здравствената состојба на Џамбазов е стабилна (фото)

igor

Игор Џамбазов е во стабилна здравствена состојба. Му се прават дополнителни испитувања. Актерката Весна Петрушевска го посетила својот пријател и колега Џамбазов, при што објави фотографија од него во болничкиот кревет.

Според неа се прават испитувања, а се проверуваат и триглицеридите, како и испитувања на црниот дрим и тироидната жлезда.

Еве ни го Игор…се слушнавме сабајле, порача да пренесеме на сите негови фанови дека за некој ден лично ќе им се обрати токму од тука…потенцираше да објавиме дека ЏАМБО ФЕСТИВАЛ не е ОТКАЖАН туку ПРЕЗАКАЖАН за 14-ти февруари….се разбира од оправдани причини кои веќе ги знаете – стои на фејсбук страницата на Џамбазов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top