Популарната пејачка се најде на удар на критики поради изборот на модна комбинација.
Јелена Карлеуша е позната по нејзините смели комбинации кога е гардеробата во прашање, а поради еден фустан многумина ја обвинија дека ја копира Ким Кардашијан.
Пејачката на Инстаграм споделила фотографија на која носи едноставен бел фустан со невообичаен детаљ во вид на плашт.
Токму во идентична креација во октомври се појави и старлетата Ким Кардашијан, која тогаш беше во поодмината бременост и доби низа критики на сметка на својот изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.