| четврток, 6 декември 2018 |

И мажите имаат биолошки часовник

Научниците велат дека можеби и мажите имаат биолошки часовник.  Една студија вели дека во споредба со деца на помлади татковци, потомците на оние повозрасните имаат поголем ризик од психијатриски нарушувања.

Децата на татковците кои во таа улога се оствариле по 45 години, имаат три пати поголема шанса за некои од пореметувањата од спектар аутизам, 13 пати поголема веројатност да имаат АДХД и 24 пати поголема шанса да страдаат од биполарно растројство, отколку децата на татковците на возраст од 20 до 24 години.

Истражувачите за потребите на студијата, анализирале податоци од дури 2,6 милиони деца родени во Швадска од 1973 до 2001 година, што е една од најголемите и сеопфатните студии за ефектите на старосната возраст на таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top