Една од најактуелните музички ѕвезди, Адел се најде на насловната на декемвриското издание на магазинот „Тајм“. Нејзиниот нов албум „25″ веќе четврта недела е на врвот на топ листите, а мега хитот „Hello” соборува рекорди.
Нејзиниот огромен успех во финишот на 2015 беше доволна причина, последното издание за годинава на магазинот „Тајм“ да се заокружи со нејзиниот лик.
Во интервјуто таа зборува за албумот, за „апстинирањето” од социјалните мрежи додека била во студио, но и за експонираните артисти и колку нивната наметливост може да биде контрапродуктивна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.