Еден француски свештеник отворил налог на Твитер во име на Богородица за да малку „ја модернизира верата“.
Со наближувањето на Божик најрадосниот празник помеѓу христијаните, кој католиците го слават на 25 декември според Грегоријанскиот календар, свештеникот Франоса Шерио отворил налог и веднаш собрал 370 следбеници.
-Два часа одење со стомак до забит..Не можам повеќе! Добро се држи ова бебенце – се само некои од пораки кои „Девица марија“ ги споделила на оваа социјална мрежа.
На својот налог, на кој може да се најдат квизови, дневни медитации, видео снимки и шеговити твитови, Богородица ги запишува настаните од нејзиното четири неделно патување од Назарет во Витлеем , каде ќе се роди Исус.
-Се договорив со Јосиф малку да се одмориме во Емаус. Тука има една продавница на половна роба – наведува оваа измислена Марија која , два милениуми подоцна, ги коментира и актуелните проблеми со кои се соочува човештвото.
-Сто и педесет километри до Витлеем, што ми требаше сето ова? Единствено што ми дава утеха е што нашето патување е еколошки исправно – наведува Богородица во еден од своите твитови споделени на почеток до месецот декември.
Свештеникот планира својата иницијатива да ја повтори и идната година и да ја направи уште поинтересна: „Мојата намера е верниците на еден поинаков и позабавен начин да се запознаат со Божиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.