| четврток, 6 декември 2018 |

Господ нека ни е на помош: Девица Марија отворила твитер налог, а еве и што порачува (фото)

Еден француски свештеник отворил налог на Твитер во име на Богородица за да малку „ја модернизира верата“.

Mary16thC-620x350

Со наближувањето на Божик најрадосниот празник помеѓу христијаните, кој католиците го слават на 25 декември според Грегоријанскиот календар, свештеникот Франоса Шерио отворил налог и веднаш собрал 370 следбеници.

-Два часа одење со стомак до забит..Не можам повеќе! Добро се држи ова бебенце – се само некои од пораки кои „Девица марија“ ги споделила на оваа социјална мрежа.

На својот налог, на кој може да се најдат квизови, дневни медитации, видео снимки и шеговити твитови, Богородица ги запишува настаните од нејзиното четири неделно патување од Назарет  во Витлеем , каде ќе се роди Исус.

твит

-Се договорив со Јосиф малку да се одмориме во Емаус. Тука има една продавница на половна роба – наведува оваа измислена Марија која , два милениуми подоцна,  ги коментира и актуелните проблеми со кои се соочува човештвото.

твит 2

 

-Сто и педесет километри до Витлеем, што ми требаше сето ова? Единствено што ми дава утеха е што нашето патување е еколошки исправно – наведува Богородица во еден од своите твитови споделени на почеток до месецот декември.

Свештеникот планира својата иницијатива да ја повтори и идната година и да ја направи уште поинтересна: „Мојата намера е верниците на еден поинаков и позабавен начин да се запознаат со Божиќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top