Претставничката од Австралија, со босанско потекло, за избор на Мис Универзум влезе во топ пет финалистки, но круната и лизна од раце поради изразување на сопствен став, кој очигледно не му одговараше на жирито.
Моника Радуловиќ со потекло од Босна и Херцеговина, на прашањето на водителот Стив Харви, (кој инаку направи голем скандал кога прочита погрешно име за победничка на изборот) дали мисли дека е добра идеја тоа што Австралија ја легализира марихуаната, одговори:
-Ова е тема која долго време беше дискутирана, токму поради тоа што има позитивни и негативни страни. Докажано е дека марихуаната им помага на луѓе кои се тешко болни, а во тие околности мислам дека треба да биде легализирана.
По овој одговор, Моника испадна од потесниот круг за избор на Мис Универзум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017
-
Притисокот од болеста бил преголем-мисицата која се бори со ракот проговори за раскинувањето!