| четврток, 6 декември 2018 |

Тарантино доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Славниот американски режисер Квентин Тарантино (52) во понеделникот доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните во Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.

Kventin Tarantino

– Среќен сум што имам своја ѕвезда на Патеката на славните заедно со останатите луѓе кои направиле прекрасна работа во овој град – изјавил 52-годишниот актер, опкружен со некои од соработниците од својата кариера и бројните фанови.

Покрај Тарантино на свеченоста присуствувале и некои од неговите сегашни и поранешни соработници како Пем Грир, Тим Рот и Семјуел Л.Џексон, кој одржал пригоден говор.

Тарантино е режисер на култите филмови „Евтини приказни“, „Убиј го Бил“, „Ослободениот Џанго“, „Од самрак до зори“, „Неславни копилиња“ и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top