Славниот американски режисер Квентин Тарантино (52) во понеделникот доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните во Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми.
– Среќен сум што имам своја ѕвезда на Патеката на славните заедно со останатите луѓе кои направиле прекрасна работа во овој град – изјавил 52-годишниот актер, опкружен со некои од соработниците од својата кариера и бројните фанови.
Покрај Тарантино на свеченоста присуствувале и некои од неговите сегашни и поранешни соработници како Пем Грир, Тим Рот и Семјуел Л.Џексон, кој одржал пригоден говор.
Тарантино е режисер на култите филмови „Евтини приказни“, „Убиј го Бил“, „Ослободениот Џанго“, „Од самрак до зори“, „Неславни копилиња“ и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст