СДСМ, партијата на Зоран Заев, влегува од еден во друг фалсификат со користење на фалсификувани, сечени, лепени и манипулативни материјали. Но, фактите излегоа на виделина и јавноста стана сведок дека СДСМ е дебело замешана во фалсификати.
Фалсификуваната фотографија се обидоа да ја пуштат на социјалните мрежи, а за срамот да биде поголем се дрзнаа оваа лажна фотографија да ја размавтуваат и опозициските пратеници во Собранието.
Опозиционерите го допреа дното, па наместо аргументи на синоќешната седница се користеа со лаги. Функционерите на СДСМ треба да знаат дека „на лагата и се куси нозете“.
Народот се смее на евтините обиди да се исперат од фабриката за фалсификати во која длабоко се загазени СДСМ и нивниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Сето она што деновиве беше објавено во медиумите докажа дека СДСМ е во коалиција со криминалното подземје.
Потезите кои ги прават послушниците на Заев се доказ дека нервозата кај СДСМ расте секој ден. Затоа тие прават нелогични чекори, фалсификати и монтажи со што станаа цел на потсмев кај македонскиот народ.
На фотомонтажата од СДСМ можат да се забележат крупни грешки кои се воочливи и за аматери. Откако се откри дека постои тесна поврзаност помеѓу фалсификаторите на лични карти со СДСМ и Оливер Спасовски, опозиционерите во паника прават крупни грешки.
СДСМ сакајќи да се испере за очигледната поврзаност и соработка, направи фотомонтажа на еден од фалсификаторите и премиерот Никола Груевски. Не само што веднаш се докажа дека фалсификаторот не е фотографиран со Груевски туку со друга личност, туку и монтажата е со мал милион аматерски грешки.
Па така, воочливо е дека сенките на фигурите се различни и паѓаат под различен несвојствен агол. Истовремено, фотографијата од каде фигурата на Груевски е исечена и употребена е фотографирана со блиц и затоа е потемна, а фотографијата сликата каде е еден од фалсификаторите на СДСМ е без блиц .
Истовремено, аглите на фотографиите се менувани со цел да се направи соодветен агол на прикажување, дури и пикселите на самата фотографија се различни, што покажува дека се работи за фотомонтажа.
Со ова само се надзира паниката во редовите на СДСМ која што говори за кашата во која раководството ја вплетка партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.