| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Стефановски – Иџе е прогласен за спортист на Скопје за 2015

grad skopje

Европскиот шампион во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски Иџе го доби признанието најдобар спортист на град Скопје за 2015 година. Признанието на нашиот најдобар автомобилист му беше доделено на денешната свеченост во салата на Советот на град Скопје.

На второто место во оваа категорија заврши каратистот Мартин Несторовски, а трет е пливачкиот маратонец Евгениј Поп Ацев. Листатат на десетте најдобри спортисти на град Скопје за 2015 година ја комплетираат: Ненад Манојловски, Стојанче Стоилов, Баже Илијоски, Јасин Реџалари, Стефани Тодорова, Бобан Грнчаров и Наташа Стефановска.

Најуспешен спортист, лице со посебни потреби е пливачот Марио Мицковски, член на Македонската Специјална Олимпијада, освојувач на златен и сребрен медал на 25 м и на 50 м. слободен стил на Игрите во лос Анџелес.

За најдобар млад спортист на Скопје е прогласен каратистот Петар Заборски, европски вицешампион на младинското ЕП во Цирих. Наградата за најдобар тренер заврши во рацете на Мирче Јанушевски од Карате клубот Металург.

Признанието за најдобар спортист странец му припадна на голманот на РК Вардар, Арпад Штербик, а ЖРК Вардар е најдобра екипа за 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top