Почина Блаже Алексовски, актерот во пензија од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Посмртните останки ќе бидат погребани денеска на Градските гробишта во Прилеп.
Целиот живот актерот му го подари на театарот. Бил дел од основачите на театарот во кој се вработил во 1953 година, и го дал својојот придонес сѐ до пензионирањето. Одиграл голем број улоги по кои вечно ќе биде запаметен. Најмногу го паметат по улогата на татко која му лежеше на срце. Оствари значаен број претстави. За своите актерски реализации се здоби со признанијата на Војдан Чернодрински, како и со награда за животно дело на овој фестивал. Тој е првиот лауреат на ова угледно прилепско издание.
Тој освен со глума, се занимаваше и со проза и литература.
Нека почива во мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.