| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович и Гвардиола на преговарачка маса, Русинот не прашува за цена

roman abramovic

Рускиот тајкун и сопственик на Челси, Роман Абрамович, разговарал со Пеп Гвардиола и му соопштил дека е подготвен да му даде се што ќе посака, само за да го види на клупата на Челси следната сезона.
Шпанскиот тренер и официјално ќе си замине од Баерн Минхен на крајот од оваа сезона, а на неговото место веќе е назначен нов тренер.
Фаворит за потписот на Шпанецот е тимот на Манчестер сити каде глава „врска“ во преговорите е Чики Бегиристан, но и покрај тоа, Абрамович е подготвен да оди до крај за да го седне Гвардиола на клупата на англискиот првак кој игра катастрофално оваа сезона. Рускиот тајкун веќе ги поставил условите, односно му соопштил на Пеп дека ќе му даде сѐ што сака само тој да го преземе Челси.

Привремен лидер на Челси е Гус Хидинк, кој ќе остане на кормилото до јуни. Ако не успее да го ангажира Гвардиола, сопственикот на клубот ќе тргне во „невозможна мисија“ кон Мадрид, од каде го посакува Диего Симеоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top