Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно вети дека ќе се повлече од функцијата доколку бидат докажани тврдењата дека Турција купувала нафта од групата Исламска држава (ИД), пренесе ТАСС.
-Доколку биде докажано дека Турција купувала нафта од ИД, доколку тоа навистина се случувало, јас нема да останам на оваа претседателска должност. Ќе се повлечам -рече синоќа Ердоган пред бизнисмени во турскиот град Бурса.
Тој додаде дека познати се местата од кои Турција купува нафта.
– На прво место Турција купува нафта од Русија, на второ од Иран, на трето од Азербејџан, на четврто од Северен Ирак. Исто така, ние купуваме нафта од Алжир, Катар и понекогаш од Нигерија. Ние ги фативме шверцерите. Никогаш нема да дозволиме во Турција да има шверцувана нафта и гас посочи турскиот -претседател.
На почетокот на декември заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, го обвини семејството на турскиот претседател Ердоган дека купува нафта од терористите од ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.