Во близина на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ се урна авион што им припаѓал на индиските погранични безбедносни сили, јави Танјуг.
-Воениот авион се урна непосредно по полетувањето и сите 10 патници и членови на екипажот загинаа- изјави министерот за цивилна авијација Махеш Шарма.
– Многу сме загрижени што авионот се урна набрзо по полетувањето. Многу сум тажен што морам да кажам дека 10 лица, вклучувајќи го и пилотот, загинаа – рече Шарма, пренесоа француските медиуми. Во авионот што од Њу Делхи полетал кон Ранчи, град на истокот од Индија, се наоѓале двајца пилоти и осум инженери кои требало да поправат хеликоптер во Ранчи. -Авионот се урнал во 9.50 часот по локално време, откако пилотот го загубил контактот со контролата на летање- рече директорот на Противпожарната служба на Њу Делхи. Во тек е истрага за причината за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.