Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски по квалификациите за Светското првенство во Италија реши да се повлече од функцијата на која беше повеќе години.
Причината за ваквата одлука е што Скендеровски има професионални обврски надвор од футсалот. Футсал репрезентацијата беше на чекор до историски успех и да обезбеди бараж за пласман на Светското првенство, но „чудото” кое го приреди Словачка на дуелот против Италија спречи такво нешто.
– Уште кога се вративме од Италија, претседателот на ФФМ беше известен за мојата одлука. Во следните квалификации Македонија ќе биде предводена од нов селектор. Поради професионалните ангажмани во иднина, не можам повеќе да ја вршам оваа функција – истакна Скендеровски за телевизијата „24 Вести”, а емисијата „Трето полувреме” каде токму тој е гостин ќе се емитува вечерва од 19:15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.