Изјавата на еден учесник во реалното шоу „Парови“ го запали регионот.
Имено Змај од Шипово во преносот во живо од реалното шоу открил информација поради која предизвика хаос во регионалните медиуми.
Илија Граховац алијас Змај од Шипово кој инаку е маратонецот во ова реално шоу изјавил дека тој има сила која не може да се надмине како и дека е страв и трепет и за поголеми „фраери“ од сите оние кои се појавуваат на малите екрани.
-Јас сум еден познат жиголо во регионот и Европа. На жените им зимав по сто евра само за да бидат со мене, а сето тоа го правев од шега и забава. Ми плаќаа и некојси таму белградски фраери на кои им се тресеше снагата од мене. За сето ова што го зборам може Аркан на Цеца да ви потврди – изјавил Змај во програма во живо.
Кога водителите го известија дека Аркан е убиен пред повеќе од 15 години, Змај врескаше : „Тој е жив и живее на Кипар и гледа се што правиме ние во овие реални шоу програми. Целата негова смрт беше фарса. Тој е жив и да е тука ќе ви посведочи за тоа колку сум јас силен!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.