| четврток, 6 декември 2018 |

Шок среде програма во живо: сопругот на Цеца е жив и се наоѓа на Кипар!

Изјавата на еден учесник во реалното шоу „Парови“ го запали регионот.

82686_1ceca kipar

Имено Змај од Шипово во преносот во живо од реалното шоу открил информација  поради која предизвика хаос во регионалните медиуми.

Илија Граховац алијас Змај од Шипово  кој инаку е маратонецот во ова реално шоу изјавил дека тој има сила која не може да се надмине како и дека е страв и трепет и за поголеми „фраери“ од  сите оние кои се појавуваат на малите екрани.

82686_zmaj od sipova

-Јас сум еден познат жиголо во регионот и Европа. На жените им зимав по сто евра само за да бидат со мене, а сето тоа го правев од шега и забава. Ми плаќаа и некојси таму белградски фраери  на кои им се тресеше снагата од мене. За сето ова  што го зборам може Аркан на Цеца да ви потврди – изјавил Змај во програма во живо.

Кога водителите го известија дека Аркан е убиен пред повеќе од 15 години, Змај врескаше : „Тој е жив и живее на Кипар и гледа се што правиме ние во овие реални шоу програми. Целата негова смрт беше фарса. Тој е жив и да е тука ќе ви посведочи за тоа колку сум јас силен!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top