| четврток, 6 декември 2018 |

Што пишуваше во тестаментот на Павле Вуисиќ кој беше најголем боем помеѓу актерите на екс Ју?

Кон крајот на 1982 година, шест години пред да почине, славниот актер и боем ја изрази последната волја.

MG_2151-2-620x350

Во плејадата на големи актерски имиња, различни според сензибилитет  и карактер, Павле Вуисиќ отскокнуваше. Беше поинаков од сите. Ја исмеваше смртта и болеста, работи за кои малограѓаните нерадо зборуваат. Кога во еден дневен весник осамна веста, всушност дезинформација, дека починал, Павле со веќе кревко здравје земал парче хартија и молив и напишал тестамент со цел да ја  „надмудри“ смртта  и нејзините невешти бележници во весниците. Неговиот тестамент го чува сопругата Мирјана, која на јавноста  и го престави преку книгата „Последен фајронт“ биографијата на Паја Чутура од авторот Александар Ѓуричиќ.

pavle vuisic5

-Тестаментот на Павле Вуисиќ, роден од мајка Радмила и татко Мишо,  која на денот први ноември 1982 година при чиста совест и здрава памет  ја составува оваа порака. Се што имам и го оставам на сопругата Мирјана која во случај да заминам може да располага или да го  отуѓи мојот имот, односно нејзиниот, а ако не биде во состојба да располага со имотот, само судот може да ја располага со тоа што ќе остане зад мене. Ако Мирјана ме надживее има да ме погребе со сите адети и честите на православната црква, со шест попови  покрај моето тело кои ќе се видат и нема да се чујат.

Погребете ме во нашата гробница, посмртен говор или нешто слично да не се чуе! Овие шест попови, кои ги сакам за инает, сакам да го прават тоа што се прави околу гробот,  носакам  да молчат глас да не им се чуе. Нека пеат во себе. Бидејќи мислам да умирам инаку зошто би го пишувал ова, уште еднаш ќе ве замолам никаков говор, никаков збор да не се проговори, бидејќи ќе се превртувам во гробот и не само што ќе се превртувам туку и ќе станам од гробот и оној кој  ќе се противи на моите желби ќе го прогонувам и дење и ноќе и ќе му ја  е*ам мајката – напишал своерачно Павле Вуисиќ.

Починал на 1 октомври 1988 година во Белград.

Мирјана Вуисиќ

Мирјана Вуисиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top