Американските медиуми пренесуваат дека Метју Пери и Кортни Кокс започнале романса. Неименуван извор тврди дека Метју и бил рамо за плачење на колешката, откако ја раскинала свршувачката со музичарот Џони МекДаид.
Со оглед на тоа дека Пери е наводно слободен од 2012 година, овие тврдења би можеле да бидат точни.
-Не е чудно што актерката веднаш го побарала Метју по раскинувањето на свршувачката. И таа беше до него кога тој се бореше против зависност, а тој пак со неа кога дознала дека не може да има деца- изјавил изворот за американските медиуми.
Според пишувањата на медиумите романсата започнала неодамна кога актерот ја поканил Кортни на вечера по што решиле да не брзаат со заеднички појавувања во јавноста туку да одат полека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.