| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Меѓународната заедница одблиску да го следи процесот за фалсификуваните лични карти

Премиерот Никола Груевски ја повика Меѓународната заедница длабински одблиску да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации, по што ќе се произнесе во јавноста.

-Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретен коментар затоа што очекувам во наредните час-два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалницте во Јавното обвинителство и во МВР за тоа што успеале да го постигнат и би апелирал до Меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top