Најниска температура во Македонија во седум часот утрово од минус шест степени, е измерена во Берово, минус три степени се регистрирани во Струмица и Демир Капија, минус два во Скопје, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, минус еден во Дебар и во Куманово.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на утринска магла.
Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југозапад која ќе услови висока дневната температура за овој период од годината, особено в среда и четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.