| четврток, 6 декември 2018 |

ИД со закани до Саудиска Арабија пoради воената коалиција

Исламска држава упати закани до Саудиска Арабија  поради „заговор“ откако Ријад соопшти дека е формирана исламска воена коалиција против тероризам составена од 34 исламски држави.

Во извештајот за своите воени  активности, ИД оценува дека членовите на исламската коалиција се „кретени и будали“, јавија западни медиуми.

– Со дозвола од Алах, тој сојуз ќе биде почеток на колапс на влади на опресивни тирани во исламските држави, наведуваат од ИД.

Во Саудиска Арабија оваа година регистрирани се низа смртоносни напади за кои се смета дека се извршени од ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top