Се појави вест дека Цеца Ражнатовиќ е најдена мртва, но фолк-ѕвездата веднаш ја демантира веста, изјавувајќи дека само болен ум може да измисли такво нешто.
Кога ја прочита веста, пејачката остана во шок, истакнувајќи дека не ѝ е јасно како можела таквата вест да се појави во јавност. Што е уште полошо, на еден портал се појави фотографија на која полицијата внесува мртво тело во комбе.
„Шокирана сум што некој може да си игра со такви работи. Само болен ум може да направи такво нешто. Слушнав дека истите го погребале и Аца Лукас. Навистина ужасно, немам зборови како може некој да напише такво нешто, а притоа да не ја провери ифнормацијата“, изјави Цеца за Ало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.