| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ повторно против „своите“ во „Пионир“

pero antic

По завршувањето на десеттото коло во кошаркарската Евролига познати се патниците во Топ-16 фазата која повторно се се игра во групи, овојпат во две составени од по осум екипи.
Перо Антиќ со Фенербахче го освои првото место во групата А со осум победи и два порази и сега се најде во новоформираната грипа Е.
Тој повторно ќе мора да игра против „својата“ Црвена Звезда и не крие дека му е многу тешко да настапува против екипата каде настапуваше во минатото и се вивна во кошаркарските височини.
Покрај Црвена Звезда, Фенербахче ќе се сретне и со Цедевита, но и со двата градски ривали, Анадолу ефес и Дарушафака (чиј тренер е Октај Махмути), а бројката од 16 најдобри тимови во Европа ја заокружуваат Панатинаикос, Уникаха и Локомотив Кубан.
Во првото коло на домашен терен избраниците на Обрадовиќ ќе одиграат дерби дуел со Панатенаикос, додека Звезда ќе има тешко гостување во Истанбул против Анадолу Ефес. Српскиот шампион дури трипати во оваа фаза од Евролигата ќе мора да игра во Истанбул, против Фенербахче, Анадолу Ефес и Дарушафака.
Групата Ф веќе е именувана како „група на смртта“ бидејќи рамо до рамо за пласман во четвртфиналето ќе се борат најмалку шест екипи.
Откако успеа да се извлече во претходната рунда, актуелниот шампион Реал Мадрид ќе има далеку потешка задача за пласман во нокаут фазата. Покрај Реал во групата Ф се уште и гигантите како ЦСКА Москва, Барселона, Химки, Олимпијакос, Лаборал Куча, Жалгирис и Бросе Баскет.

Сите екипи од групите повторно ќе одиграат двокуржен систем, секој со секого и по 14 кола ќе се знаат првите четири екипи на табелата кои ќе се пласираат во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top