Српските и новинарите од регионот се непожелни на концертот на Бијонсе во Белград. Поп-дивата им го забранила присуството на медиумите во „Комбанк арена“, наводно, затоа што се плаши од грди фотографии.
Таа ангажирала само еден фотограф што ќе ја фотографира во текот на турнејата, а организаторите ќе им испраќаат фотографии на редакциите.
– На организаторите им стигнаа повеќе од 200 акредитации. Концертот сакаа да го следат и медиуми од регионот. Тука ние сме немоќни затоа што организацијата на настапот го презема менаџментот на пејачката. Во рајдер листата, покрај многуте барања, стои дека новинарите се непожелни. Досега сме немале ваков случај – рекол извор за српскиот весник „Курир“.
Бијонсе утре би требало да пристигне во Белград, а со неа ќе дојде целото семејство – сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница


