| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Ердоган да нареди повлекување на турските војници од Ирак

obama-450-267

Американскиот претседател Барак Обама во синоќешниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган апелираше Анкара да продолжи со повлекување на своите трупи од Ирак, со цел да се намалат несогласувањата со Багдад.

Тој нагласил дека е неопходно Турција да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак.
Во меѓувреме, ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари го повика Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција со која се осудува навлегувањето на турски војници во неговата земја и побара нивно итно повлекување.
Џафари предупреди дека согласно Уставот на светската организација Ирак има право да ги преземе сите потребни мерки за спречување на непријателските дејствија од страна на Турција, кои претставуваат опасност за меѓународниот мир и безбедност.
Според него, меѓу двете земји нема официјален договор со кој би и се дозволило на Турција да испрати војска во Ирак без претходна дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top