| четврток, 6 декември 2018 |

Догодина Шкода со нов спортски теренец

skoda-terenec-sedumsed-696x384Покрај новиот Tiguan, в година пристига уште еден спортски теренец од концернот од Волфсбург. Skoda ќе стартува со продажба на модел долг 4,70 метри, со многу простор по мала цена и со погон на сите тркала по желба.

Skoda Yeti ќе добие поголем брат, а Volkswagen Tiguan ќе добие нов братучед. Чешката марка в година ќе воведе нов спортски теренец во понудата, со места за седум патници. Моделот ќе биде долг 4,70 метри, што значи дека ќе биде барем за половина метар подолг во споредба со Yeti. Неизвесност останува околу тоа дали третиот ред седишта ќе следува стандардно или со доплата, но уште повеќе околу тоа дали големиот теренец ќе го добие името Kodiak или Snowman.

Skoda уште не го открива името на идниот седумсед, иако во браншата подолго време се шпекулира со името Snowman, а неодамна проциркулира и името Kodiak на неколку блогови. „Кодијак“ е вид на кафени мечки и потекнува од Аљаска, а добро се вклопува и покрај дебелокрзнениот „Јети“. Најголема е веројатноста дека серискиот модел при премиерата ќе добие име што тотално се разликува од овие два шпекулативни називи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top