| четврток, 6 декември 2018 |

Руските сенатори ги замрзнаа односите со турските колеги

sovfedСоветот на Федерацијата – Горниот дом на рускиот Парламент, ги замрзна контактите со Парламентот на Турција по инцидентот со соборениот руски авион Су-24, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи Константин Косачев.

– Нашите контакти со колегите од турскиот Парламент, кои досега имаа интензивен карактер, сега се замрзнати… Не гледам никаква смисла за одмрзнување на контактите додека турските пратеници доста наивно и категорично ја штитат позицијата на претседателот на Турција. Во тој случај нема смисла за таков дијалог- посочи Косачев.

Претходно и руската Државна дума ги замрзна контактите со турскиот Парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top