| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирано македонското издание на специјалната едиција на „Економист“

garet2

Македонското издание на специјалната едиција на „Економист“ што се издава еднаш во годината, денеска беше промовирана во британската Амбасада во Скопје.

Магазинот, како што појасни Александар Наков, шеф на продукција и маркетинг директор на „Колор медиа“, е поделен на неколку секции во сите континенти, а најмногу се фокусира на Европа и на Британија, а во него пишуваат најврвни светски автори кои даваат свои мислења, предвидувања и идеи како би се движел светот наредната година.

Македонското издание ќе биде отпечатено во 16.000 примероци, поголемиот дел ќе се дели гратис до сите бизнисмени и политичари, а остатокот ќе се продава во наредните шест месеци. Списанието во продажба ќе чини 150 денари.

Оваа едиција, според Наков, е меѓу трите најпопуларни бренда меѓу магазините, а „Економист“ како економски, е меѓу првите пет. Според него, ова е најјакиот бренд којшто од магазините во Македонија воопшто бил испечатен.

-Изданието го работевме многу брзо, за два месеца го потпишавме договорот, ги преведувавме текстовите. Контролата од „Економист“ е навистина огромна. Ова издание речиси е буквално преведено освен што има неколку македонски ПР­текстови- појасни меѓу другото Наков.

Наредната година, најави тој, мораме да имаме 40 проценти со македонски автори, со тоа што листата на авторите кои би можеле да пишуваат треба да се достави до март. Таа листа, посочи, треба да помине на преглед кај Британците бидејќи секој не може да пишува за „Економист“. ­

-Таа листа ние ќе ја направиме со тоа што сите оние што ќе напишат за ова издание каков било текст доколку е интересен ќе се преведе на англиски. Ако е интересен може да се објават во англиската едиција и во сите останати едиции каде што постои „Економист“ со тоа што ни се отвора една можност да промовираме и наши автори, да промовираме наши идеи и теми поврзани со региони- рече маркетинг директор на „Колор медиа“. Врз основа на лиценцата што ја има добиено „Колор медиа“ за овој магазин, веќе во февруари идната година ќе организира конференција на која ќе бидат поканети и претставници од самиот магазин, експерти и политичари од регионот, како и амбасадори акредитирани во Македонија.

garet

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој присуствуваше на денешната промоција на публикацијата, потенцира дека во изданието кое се објавува на крајот на годината уредништвото на „Економист“ дава свое видување и предвидувања за одредени настани за следната година, кои, според него, можат да бидат „смели и ни малку безбедни“. Според амбасадорот Гарет, „Еконимост“ е задолжително четиво за оние кои сакаат да создадат индивидуална и глобална перспектива.- ­ Изданието кое излегува на крајот на годината не би требало да се чита како Библијата за она што ќе се случи, но ќе ве предизвика да размислувате за тоа каков пристап ќе имате во следните 12 месеци- рече амбасадорот Гарет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top