Дваесетгодишниот син на Исидора Бјелица и на Небојша Пајкиќ, Лав Глигорије, ужива да лумпува по кафеани.
Младиот Лав некои медиуми веќе го прогласија за еден од најпосакувани ергени во регионот, а, како што пишуваат, тој сака малку постари жени, и тоа пејачки.
Медиумите претходно шпекулираа дека Лав и Радмила Манојловиќ се во тајна врска, но и двајцата ги негираа ваквите написи. Но, како што се чини, Лав и тоа како ужива во друштво на постарите пејачки . По Рада на ред дојде и Гога Секулиќ со која Лав до раните утрински часови лумпувал во една позната белградска кафеана, а медиумите, пак, тврдат дека меѓу пејачката и синот на Исидора има и нешто повеќе од пријателство нарекувајќи ја Гога српска турбофолк Северина. Сепак засега ова се само шпекулации, а ниту пејачката ниту Лав не се изјасниле по повод овие написи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.