Вчера во 12.05 часот на железничката станица Велес, четиринаесетгодишник се качил на платото од вагон-цистерна, со цел да се фотографира, при што дошло до струен удар од електро мрежата на железничкиот сообраќај.
По исклучување на електричното напојување, тој е префрлен во медицинскиот центар во Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди и изгореници по телото, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.
Поради доживеан стрес, друг малолетник е задржан на лекување во велешката болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.