| четврток, 6 декември 2018 |

Го удрила струја додека правел селфи на вагон, другарот во болница од стрес

Вчера во 12.05 часот на железничката станица Велес, четиринаесетгодишник се качил на платото од вагон-цистерна, со цел да се фотографира, при што дошло до струен удар од електро мрежата на железничкиот сообраќај.

По исклучување на електричното напојување, тој е префрлен во медицинскиот центар во Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди и изгореници по телото, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Поради доживеан стрес, друг малолетник е задржан на лекување во велешката болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top