| четврток, 6 декември 2018 |

Голата Миранда Кер ги разбесни родителите

eeba7a9148e7cc4732a73c06e62a0000

Maнекенката Миранда Кер позира гола на насловната страница на новиот број на австралијанското издание на магазинот „Харпер базар“. За муштериите во ланецот супрмаркети „Колс“, насловната страница е непримерна, па од уравата решиле да ги повлечат сите примероци на списанието од продажба.

– Како одговор на многуте реакции од нашите муштерии, од кои повеќето пазарат заедно со своите деца, го тргнавме списанието од продажба – се вели во соопштението на супермаркетите „Колс“.

Кели Хаш, уредничката на списанието, изрази разочарување поради нивната одлука и нивното, како што вели, непрепознавање на уметничкиот интегритет на фотограијата, додавајќи дека таа фотографија ја слави женственоста.

– Живееме во ера на ангелите на „Викторија сикрет“, украдени голи фотографии и обиди да се сруши интернетот со призори од ријалити ѕвездите во провокативни пози. „Харпер базар“ одсекогаш ги славел храбрите жени – некој со визија, посветеност, стил, кој не се плаши од ништо. Миранда е можеби гола, но та е пионерка и оваа насловна страница го слави токму тоа – изјави Хаш.

Миранда за време на сликањето не била гола, туку танга гаќичките и се отстранети со помош на фотошоп.

– На фотографијата всушност се гледа само мојата кожа – изјави Кер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top